Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи

Објавено July 10, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Со предлог Законот за внатрешни работи не нудиме козметички измени ниту пак крпење на дупки, туку имаме единствена цел да изградиме функционален, ефикасен и фер систем. Со овој закон ги поставуваме новите темели на кадровската и организациска структура на Министерството, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој денеска пред пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност образложувајќи го Предлог законот за внатрешни работи порача дека новите решенија се фокусирани на поедноставување на квалификацијата на работните места.

–Го надминуваме деценискиот хаос, наместо седум категории и 38 нивоа и 28 видови на работни места, новиот ЗВР нуди две категории, раководни и извршителски, три јасно дефинирани нивоа и 10 видови работни места. Законски предвидуваме испити и за унапредување со елиминаторен карактер за клучните позиции, како што ќе бидат главен инспектор и раководни работни места. Задолжителни интервјуа како интерни огласи, обука како предуслов за сите кои за прв пат добиваат раководна позиција. Прецизни правила за привремено распоредување и унапредување под строго определени услови, истакна Тошковски.

Тој информираше дека со предложеното законско решение ќе се воведе професионален тест за интегритет кој ќе биде функционален.

Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски истакна дека нов закон за внатрешни работи е потребен и дека тој е менлива работа но, како што рече, во предложениот има крупни работи кои според него се од политичка примена и ќе придонесе за поинаков начин на менување на структурата на МВР.

Според него класификацијата на работните места каде се прават две работни места е уназадување на претходните законски решенија бидејќи на овој начин ќе се наруши системот на кариера.

-Со тоа ќе дојде до намалување на пониско ниво на работните места кои се оперативни и потребни, но ќе дојде и до сериозни и комплексни промени во кариерниот развој на вработените, поточно ќе има уназадување во кариерата без основ, разлика што овој закон е спротивен на уставните начела и европските вредности, нагласи Спасовски.

Тој забележа и тоа дека дадените критериуми предвидени за нивоата на работни места немаат дефинирано како ќе се применат при систематизирањето на работните места.

Пред пратениците на Комисијата за одбрана и безбедност, министерот Тошковски ги образложи и измените и дополнувањата на законот за полиција со кој се менува делот за условите кои треба да ги исполнува директорот на Бирото за јавна безбедност, каде како услов се наведува дека треба да има стекнато најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен најмалку VII/2 степен на образование од областа на општествените науки, да има најмалку 12 години работно искуство во полициските работи, од кои најмалку пет години на раководни или советодавни позиции.

Новина е и тоа што директорот ќе има заменик, кој на предлог на министерот го именува и разрешува Владата, за време од четири години.

Министерот најави и отворање на две полициски станици – Сарај и Илинден, а постојните полициски станици Бит Пазар и Чаир ќе се преименуваат, односно Битпазар ќе биде ПС Чаир, а сегашната Чаир која е во Бутел ќе биде ПС Бутел.

Пратеникот Оливер Спасовски во дискусија за предлог измените за законот за полиција рече дека е нелогично бришењето на условите на работно искуство и условите на раководна позиција за началник на Сектор за внатрешни работи со тоа што, како што рече, секој кој ќе положи приправнички испит ќе може да биде началник на сектор што, според него, нема да се зголеми професионалноста и подобрувањето на работите.

Законот за внатрешни работи и измените и дополнувањата на Законот за полиција во прво читање беа усвоени и дадени на натамошно читање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР
Следна Статија БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сончевото време ќе продолжи и утре

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?

Велигден не е обичен празник што секоја година паѓа на ист датум – тоа е празник со подвижна дата, што…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

Секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?