Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Објавено February 21, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла денес на граничниот премин „Блаце“ извршија увид во финализирањето на инсталација техничките системи и компоненти за набрзо да може да почне тест периодот на системот „One Stop Shop“ којшто треба да овозможи побрз премин на граѓани кои патуваат помеѓу Македонија и Косово.

-Констатиравме дека сета опрема од технички аспект којашто треба да се имплементира и инсталира е во фаза на инсталација и започнуваме со подготовки на вмрежување на двата системи. Имавме можност да видиме како ќе функционира технички тоа, во рамки на една единствена платформа. Информациите ќе се споделуваат меѓу двете министерства со цел да овозможиме со констатација на само еден полициски службеник косовските граѓани да влезат во Македонија и македонските граѓани да влезат во Косово преку контрола од страна на еден полициски службеник. Секоја држава го штити својот влез. Со овозможување на мали градежни зафати коишто ќе овозможат проширување на влезовите кон Македонија, ќе создадеме соодветни услови и влезот кон Косово од моменталните три кабини да овозможиме шест позиции, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски образложи дека во имплементирањето на системот „One Stop Shop“ за побрз пропуст на патници и стоки најдалеку во имплементирање е стигнато со Косово а во блиска иднина ќе следуваат и имплементации со Република Србија и Република Албанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова
Следна Статија Обвинителката Стојковиќ: На снимките се гледа дека учествуваат сите четворица, нема дилема во нивниот лик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

БУРНИ РЕАКЦИИ ВО ЈАВНОСТА: Жените од Тетово во градски базен имаат посебни термини- среда и сабота

Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки. Термините се во среда…

June 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

На Самитот во Тирана премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер. На средбата се очекува…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?