Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарски инспектори отпуштени откако барале мито од тимот на Роби Вилијамс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарски инспектори отпуштени откако барале мито од тимот на Роби Вилијамс
БАЛКАН

Бугарски инспектори отпуштени откако барале мито од тимот на Роби Вилијамс

Објавено September 30, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Бугарското Министерство за транспорт отпушти двајца долгогодишни инспектори од Извршната агенција „Автомобилска администрација“ откако тие побарале мито од возачи на камиони кои ја превезувале опремата за концертот на британскиот пејач Роби Вилијамс во Софија.

Министерот за транспорт Гроздан Караџов потврди дека вработените, кои биле дел од системот уште од 2012 година, веднаш биле ставени под дисциплинска постапка и отстранети од функциите. Тој нагласи дека министерството целосно соработувало со Министерството за внатрешни работи за идентификација и апсење на вмешаните лица.

Случајот се однесува на четворица возачи на камиони со британски таблички кои носеле сценска и техничка опрема. Според истражителите, инспекторите на 25 септември побарале и примиле вкупно 400 лева (околу 205 евра) и 300 евра мито. Двајца возачи платиле по 200 лева, додека еден бил приморан да предаде 300 евра.

По пријавата на организаторите на концертот и со поддршка на британската амбасада, инспекторите биле приведени. Градското обвинителство во Софија соопшти дека обајцата се официјално обвинети за корупција.

Заменик-обвинителката Десислава Петрова изјави дека веднаш по пријавата била спроведена брза акција – биле претресени возила, адреси и лични предмети, а сведоци биле испитувани и пред истражители и пред судија. Таа нагласи дека апсењата биле извршени во тајност за да се спречи прикривање на докази.

На прес-конференција, министерот Караџов ги осуди постапките на инспекторите нарекувајќи ги „остатоци од наследената култура на корупција“.

„Ова се практики од минатото, несоодветни за нашата нова политика. Реагиравме брзо и одлучно – случајот беше пријавен во четврток, а веќе во петок двајцата вработени беа приведени,“ изјави тој, најавувајќи целосна соработка со правосудните органи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
Следна Статија Мицкоски очекува меѓу 45 и 50 градоначалници на локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ќе била во ЕУ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече,…

May 17, 2025
БАЛКАН

Во Грција се апасат навивачи за шверц со дрога

Грчката полиција уапси најмалку 12 лица во операција за разбивање на две банди навивачи за кои полицијата вели дека биле…

June 23, 2025
БАЛКАН

Бугарите протестираат против еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе станеме уште посиромашни“

Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива…

May 31, 2025
БАЛКАН

Вооружен грабеж на златарница во Атина: Крадецот бега со Порше и се крие на чудно место (ВИДЕО)

Грчките медиуми јавуваат за апсење на 44-годишен маж, осомничен за грабеж на златарници во Атина. На мрежите се објавени видеа…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?