Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бурекот најскап во Скопје и Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бурекот најскап во Скопје и Охрид
ЕКОНОМИЈА

Бурекот најскап во Скопје и Охрид

Објавено February 22, 2025 12:53
Сподели
Сподели

Во Скопје и Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, покажува анализата на Фактор.мк.

Порталот пишува дека, според бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, за народот е скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок. Од град до град, цените варираат, од 60 денари до 110 денари за четврт бурек. Од бурекџилниците додаваат дека купувачите за појадок  бираат поевтина варијанта, односно земаат ѓевреци или кифли.

Четврт бурек во главниот град чини од 80 денари па нагоре.  Во Охрид четврт бурек се продава од 70 до 110 денари.

„Тој што нема нормално дека му е скапо, а тој што има пари, секогаш ќе купува“, велат од охридска бурекџилница, пренесува Фактор.

Во Гостивар, четвртина бурек обично чинел 100 денари, но можел да се најде и за 90 и 110 денари.

„Скапо им е. За нашиот стандард е скапо. Почесто си купуваат ѓеврече, симит погача, за да испадне поевтино, односно до 50 денари да им се фати трошокот по човек. Порано бурекот бил попристапен и пред 10 години цената беше 40, 50 денари за четвртинка. Има и бурекџилници што се затворија. Бурекот стана луксуз. Ние за да излеземе на крај, намалуваме на грамажа и филот е посиромашен“, велат од бурекџилница од Гостивар.

Во Кавадарци, четврт бурек чини 60 денари.

Анализата на порталот покажува дека, во Пробиштип, четвртинка бурек чини 80 денари. Во Делчево, цената е 65 денари. Во Струмица, за четвртинка бурек треба да одвоите 70 денари. Во Штип, четвртинка бурек се продава од 65 до 80 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избегнувајте патување во Грција на 28. февруари – најавен голем 24-часовен штрајк
Следна Статија Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата…

November 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава има овластување да казнува со високи парични казни за пронајдени…

January 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бројот на туристи во првата половина од 2025 година е поголем за 13,5% споредено со истиот период лани

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за  13,5 отсто споредено со истиот период…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?