Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „’Вардариште’ и ‘Дрисла’ – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение“, вели Шукова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „’Вардариште’ и ‘Дрисла’ – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение“, вели Шукова
ПОЛИТИКА

„’Вардариште’ и ‘Дрисла’ – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение“, вели Шукова

Објавено September 10, 2025 12:56
Сподели
Сподели

„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања“, рече Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ.

Додека градот се гуши во ѓубре и чад, тие одржуваат прес-конференции за нереални фестивали, паркови на контаминирано земјиште за евтини партиски поени. Но, град не се води со флоскули.

Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и одбегнува соочување со граѓаните. Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како „парк на Вардариште“ се класичен пример за краткорочен популизам, кој не допира до суштината на проблемот.

Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад – хаос што ВМРО-ДПМНЕ не знае, не може и не сака да го реши.

Мојот план е јасен. СДСМ има конкретно и одржливо решение за Вардариште и за управувањето со отпадот во Скопје:

Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со контролиран пристап исклучиво за службите на комунална хигиена.

Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.

На среден и долг рок: изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла.

Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение.

Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден“, изјави Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за ДВ: Уплашени се, не знаат дали некој „пропеал“
Следна Статија Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

Победата на Борисов и Петков од лошо полошо за Македонија

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?