Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби
СПОРТ

Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

Објавено October 2, 2025 08:14
Сподели
Сподели

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против актуелниот шампион со 31:28 (16:14).

Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.

Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.

Вториот дел му припадна на Пелистер, негвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.

Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.

Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.

Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
Следна Статија (Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар ја победи Македонија ЃП: Црвено-црните се искачија на лидерската позиција

Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1:0. Стрелец на…

September 13, 2025
СПОРТ

Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата…

October 30, 2024
СПОРТ

Нов мајсторски погодок на Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот…

April 7, 2025
СПОРТ

ПСЖ го надигра Реал и победи со убедливи 4-0

Пари Сен Жермен  е вториот финалист на Светското клупско првенство. Во полуфиналето, го победија Реал Мадрид со 4-0 и со…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?