Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!
МАКЕДОНИЈА

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Објавено April 18, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се слави во ист ден и на Исток и на Запад, папата Фрањо повикува, сите ние како Христови ученици, да го сфатиме ова како можност за да направиме решителен чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден. Тој истакна дека Велигден не се случува по наша иницијатива, ниту според овој или оној календар, туку затоа што Бог „толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“. Бог е тој што има првенство, бидејќи Тој го направи првиот чекор, и затоа не треба да се затвораме во нашите планови, нашите проекти, нашите календари, во „нашиот“ и „ваш“ Велигден. Велигден му припаѓа на Христос! „Католичката црква е подготвена да прифати датум за кој сите се согласуваат, вели во Велигденската порака скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов.

Папата напомена дека оваа Јубилејна година се совпаѓа со 1700-годишнината од Соборот во Никеја (325), чиј симбол на верата „ги надминува сите поделби што го делеле Телото Христово низ вековите… да ги откриеме повторно заедничките корени на верата, да го зачуваме единството“, бидејќи оваа годишнина не е само историски спомен на Никејскиот собор, туку и обврска за денешните христијани.

Во оваа Јубилејна година до сите нека допре велигденскиот повик „Господ воскресна, надеж наша!“ Секој христијанин нека го доживее искуството на Марија Магдалена, која побрза да им ја соопшти радосната вест на учениците: „Го видов Господа“ (Иван 20,18). Тоа е средба што го менува животот: средба со единствениот Човек, кој ни дозволува да ја искусиме сета Божја добрина и вистина, кој нè ослободува од злото, но не на површен начин, моментално, туку нè избавува од него на радикален начин, нè лекува целосно и ни го враќа достоинството. Затоа Воскреснатиот беше за Марија Магдалена „нејзина надеж“, бидејќи преку него се роди за нов живот, тој и подари нова иднина, добар живот, ослободена од злото.

Воскреснатиот Христос не припаѓа на минатото, тој е жив, присутен денес како сила на надеж за својата Црква и утеха за христијанските заедници кои се најмногу искушувани од дискриминација и прогонство поради својата вера. Тој, наша надеж, нека ни подари мир и надеж на сите, особено во регионите на оваа наша планета кои се најпогодени од страдања, во земјите каде што луѓето се изложени на големи искушенија на војна, уништување, немири и пустошења.

Во нашата средба со Него, да го слушаме и да се обратиме, а потоа со нашиот живот да посведочиме: „Го видов Господа!“ На сите Ви посакувам честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе!, вели бискупот Киро Стојанов во велигденската порака.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
Следна Статија Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се руши легендарната скопска сендвичарница „7“ во Центар

Легендарната скопска сендвичарница „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Има злоупотреби во системот за социјална помош

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека има злоупотреби во системот…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?