Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велигденски празници ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Велигденски празници ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера
МАКЕДОНИЈА

Велигденски празници ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера

Објавено April 16, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Претстојните велигденски празници и продолжениот викенд ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера. Исполнетоста на хотелските капацитети се очекува да биде 60 до 70 отсто, а голема е исполнетоста и во приватните сместувања, како и викенд становите.

Поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден ќе ги врати и печалбарите во своите огништа, што значително ќе ја зголеми фрекфенцијата на движење во двата крајезерски града.

Според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија Крсте Блажески, најмногу резервации имаат од соседството, гости, кои редовно ја посетуваат ривиерата за Велигден.

– Не можеме да кажеме дека се ќе биде максимално исполнето. Очекуваме 60 до 70 отсто исполнетост за Велигденските празници, изјави Блажески за МИА.

За претстојната летна туристичка сезона забележа дека има значително намалување на холандски и полски гости, но за сметка на тоа зголемен е бројот на туристи од Турција, а се поголем е интересот кај Грците, кои го посетуваат регионот најчесто во пролетните денови.

– Генерално ако сме на ниво на минаната година ќе бидеме задоволни. Очекувањата за исполнетост во хотелскиот сектор се како лани, истакна Блажески.

Во однос на очекувањата со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, вели дека е неблагодарно да се кажуваат прогнози за автопат кој се гради 12 години, пред да се заврши.

– Многу е неблагодарно да се кажуваат прогнози однапред после 12 години градба на автопат. Многу пати сме слушале давање рокови. Да, се работи на автопатот, штом се работи и ќе се заврши, рече претседателот на ХОТАМ.

Тој посочи дека на гостите кога патуваат им е битно времето за пристигнување до дестинацијата и тоа го гледаат на гугла мапс. Со целосното пуштање автопатот Кичево – Охрди и со изградбата на Гостивар – Кичево, очекува зголемување на ноќевањата за 20-30 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
Следна Статија (ВИДЕО) Шестмина полицајци осомничени за пожарот во „Пулс“ изведени пред судија на претходна постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ,…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени предмалку е регистриран во тетовскиот регион. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?