Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Шестмина полицајци осомничени за пожарот во „Пулс“ изведени пред судија на претходна постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Шестмина полицајци осомничени за пожарот во „Пулс“ изведени пред судија на претходна постапка
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Шестмина полицајци осомничени за пожарот во „Пулс“ изведени пред судија на претходна постапка

Објавено April 16, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Вкупно шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителство побара мерки за претпазливост се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичен потврдуваат дека тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи по барањето од Обвинителство за определување мерки на претпазливост.

Обвинителството денеска отвори истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани. За седуммина осомничени се предлага да им се определи мерки на претпазливост, додека останатите тројца осомничени, потенцираат од обвинителството, се обезбедени со претходната постапка.

-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Според описот содржан во наредбата за спроведување истражна постапка, осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.

Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, се додава во него, продолжува со предистражни дејствија во насока на откривање на нови лица инволвирани во случајот.

Десетте полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велигденски празници ќе ја наполнат охридско-струшката ривиера
Следна Статија Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен…

May 19, 2026
ХРОНИКА

Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти…

June 20, 2026
ХРОНИКА

Блерим Беџети доби кривична пријава- голема полициска акција во Сарај

Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен…

November 13, 2025
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка кај Непроштено: Петмина повредени, две лица итно пренесени на Клинички

На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?