Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица

Објавено October 31, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките, при што потенцираше дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и тие конечно ќе бидат ослободени.

За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, кога ќе го види човек на Уставниот суд мислев дека е провоаприлска шега, но шегата да ја оставиме за друг пат. Во услови кога не постои човек кој верува дека немаме партизација во судството, дека Уставниот суд е класичен пример како изгледаше Кацарска судството, вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок. Сите тие судии се избрани со мнозинството на тие кои сега се опозиција, ДУИ и СДСМ. Тогаш може да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ има голема улога врз носењето на одлуките во Мала Речица па поставувате вакви прашања да ние добиеме политички поени, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети кој обвини за влијание врз судот.

Премиерот Мицкоски му посочи на Беџети дека ДУИ се тие кои не треба да прават притисок врз Уставниот суд и другите судови.

Влијанието кое сè уште се чувствува во судско обвинителскиот систем кај нас конечно го департизираме и тоа ни е цел. Ќе го направиме тоа, имаше период кога чекавме предлози, сугестии, како одговорна влада сакавме да слушнеме, но за жал не добивме ниту една сугестија која цениме дека може да биде аплицирана. Следната недела ќе имаме координација и започнуваме со реформите. Почнуваме со реформата во Судскиот совет, па Совет на јавни обвинители, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски посочи дека гледаме што се случува во Академијата за судии и јавни обвинители, браќа, братучеди на поранешни блиски соработници на поранешниот министер за внатрешни работи, сестри на пратеничка од СДСМ и претседателка на Унија на жени на СДСМ е дел од Управниот одбор.

Состојбата е алармантна во судството и верувајте дека набрзо оваа Влада ќе направи чекор на кој сите ќе бидат горди и ќе се забележи во следниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски
Следна Статија Мицкоски до Беџети: ЕУ е вредност која не подразбира купување скапи трговски центри и дуќани во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот на целата територија на земјата. -Некои…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНР

Ниту еден македонски граѓанин на територија на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?