Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изречени се најстроги казни за свлечиштето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе се бара и одземање на лиценците за одговорните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изречени се најстроги казни за свлечиштето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе се бара и одземање на лиценците за одговорните
МАКЕДОНИЈА

Изречени се најстроги казни за свлечиштето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе се бара и одземање на лиценците за одговорните

Објавено May 26, 2026 20:47
Сподели
Сподели

Најстроги законски казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности се изречени по појавата на свлечиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје. Инспекциските служби на Општина Центар по извршениот увид констатирале сериозни оштетувања на јавната инфраструктура и низа неправилности во изведбата на градежниот објект.

При надзорот на терен, кој е спроведен во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), Државниот градежен инспекторат и Секторот за урбанизам, евидентирани се оштетувања на коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување.

Паралелно со инспекцискиот надзор, екипите на Општина Центар веднаш презедоа итни мерки за обезбедување на локацијата со поставување сигурносни појаси и предупредувачки ленти, со цел да се заштитат граѓаните и да се овозможи безбедно движење, особено бидејќи градилиштето се наоѓа во непосредна близина на станбени објекти.

Во текот на денешниот ден државен градежен инспектор, заедно со општинските стручни служби, констатирал дополнителни неправилности во градежните активности. Поради тоа, Општина Центар веќе стапи во контакт со професори од Градежниот факултет, од кои е побарана стручна експертиза и мислење за настанатата состојба и потенцијалните ризици.

Од Општина Центар информираат дека до Основното јавно обвинителство (ОЈО) веќе е доставено официјално известување за понатамошно постапување.

„Од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради несоодветно и несовесно постапување во согласност со законските прописи. За случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции“,соопштуваат од општината.

Од Општината порачуваат дека нема да се толерира неодговорно однесување на инвеститорите со кое се загрозува безбедноста на граѓаните и се уништува јавниот простор.

Инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да ги преземе сите мерки за санација врз основа на очекуваната експертиза од Градежниот факултет и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитната состојба. Општинските служби најавија дека остануваат на терен и будно ќе ја следат состојбата сè до целосно отстранување на последиците.

Инаку, првично за свлечиштето на земја на градилиштето, преку објава на Фејсбук алармираше здружението „Во одбрана на Буњаковец“ од каде што споделија и видео од инцидентот. Според групата, свлечиштето настанало на градилиште на спојот на улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и, како што наведуваат, се работело за време на државен празник.

Во инцидентот, кој го потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР), бил затрупан и багерот што работел на градилиштето, а работникот што управувало со него за среќа навреме успеал да излезе од него.

Според МВР, настанот се случил на улицата „Христо Смирненски“, при ископ на дупка за изградба на зграда. Како што соопштија оттаму, во инцидентот биле оштетени делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера врз возило кое било паркирано во непосредна близина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа
Следна Статија Поскапуваат бензините, дизелот без промена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се огласи ОЈО: Ќе истражува кој го следел Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?