Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош

Објавено December 21, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во неделното интервју за Радио Сободна Европа.

Велковски на оваа тема говори во контекст на прашањат за доцнењето на исплатите на социјална помош, дефицититот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и мерките за потикнување на младите за влез на пазарот на труд и отворање сопствени бизниси.

Според заменик-министерот сите статистики со кои располагаат покажуваат дека во Македонија сè уште има доволен број луѓе што можат да бидат вработени, но потребно е, како што додава, репрограмирање на системот во државата за да се пополнат испразнетите работни места кои, вели, ги има околу 18 000.

„Ќе дадам еден пример – во системот на социјална заштита денес имаме 32 000 семејства што користат гарантирана минимална помош. Семејства во кои имаме баба, дедо, татко, мајка, ќерка, син, кои во најголем дел се полнолетни и работоспособни како граѓани. Потенцијал има, но да го репрограмираме буквално системот во државата. Не може само Министерството за социјална политика да делува и да прави активни мерки.

Потребен е заеднички ангажман на целата држава и другите министерства кои треба заеднички да направат оваа потреба на работна сила која годинава, според податоците, има околу 18 000 испразнети работни места и тој јаз може да се надомести и од други ресурси што со години биле оставени надвор од пазарот на труд“,вели Велковски.

На прашањето во врска со доцнењето на исплатата на додатоците за социјално загрозените граѓани минатиот месец, заменик-министерот вели дека веќе неколкупати одговориле на оваа тема за време на дебата во Собранието за Буџетот за 2026 година и на реакциите од опозицијата. Според Велковски во Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита е предвидено помошта да се ислаќа во тековниот месец, но никаде не е утврден точен датум, односно дали тоа треба да биде до први или до 15 во месецот.

Во таа насока тој вели дека условно станува збор за доцнење од неколку дена, но со него не е прекршена ниту една законска норма, односно се работи за процедура што постои со години.

„Правата беа исплатени на 11 декември за тековниот месец. Така што доцнењето, кое и претходно постоело како стандардна процедура – неколку дена од први до петти – е нешто што се обидуваме да го задржиме како пракса. Меѓутоа, со распределбата на буџетот што се случи на 9 декември во Собранието, беа допрецизирани одредени парични средства во рамки на потребите за исплата во социјалната и детската заштита и веќе следниот ден влеговме во процес на исплата“,наведува Велковски.

Одговарајќи на дополнително прашање, тој вели оти е гарантирано дека во текот на 2026 година, согласно со Буџетот што беше изгласан во Собранието во делот на социјалната заштита, правата ќе се исплаќаат редовно на сите корисници во текот на целата година.

Во однос на дефицитот во ФПИОМ поради кој државата мора да издвојува допилнителни средства за да можат да се исплатат пензиите, Велковски вели тој дефицит настанувал со години и може да се намали доколку има повеќе вработени. Вели дека Владата работи активно на оваа проблематика, но додав дека сличен проблем има и во Германија и во Швајцарија, кој се должи на стареењето на населението и помал број вработени.

Според него, од 40 милиони евра што се издвојуваат годишно за активни мерки за вработување, 60 проценти се наменети за млади. Целта, како што наведува, е младите да бидат мотивирани, дел да отворат сопствен бизнис или стартап, а дел да се вработат кај дел од познати и големи работодавачи.

„Тоа е мотив за младите до 29 години, како најпотребна работна сила, да останат дел од пензискиот систем во Македонија“,вели заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади.

Дополнително, додава тој, проблем е и сивата економија, каде што луѓето не плаќаат придонеси, што директно го ослабнува пензискиот систем.

Затоа, вели се зголемени и контролите кај работодавачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грипот зема замав во Македонија
Следна Статија М-НАВ: Целосно завршен процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар –…

June 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Штедење од одмазда: Луѓето открија како без бојкот да им се одмаздат на малопродажните синџири

Во време кога цените на храната, режиските трошоци и горивото постојано растат, сè повеќе луѓе се одлучуваат на нов вид…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Здружението „Вина од Македонија“ го одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?