Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Американците протестираа против Трамп во сите 50 држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Американците протестираа против Трамп во сите 50 држави
СВЕТ

(Видео) Американците протестираа против Трамп во сите 50 држави

Објавено April 20, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Илјадници демонстранти вчера протестираа во сите 50 сојузни држави на САД против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, поради, како што велат, прекумерната извршна власт, контроверзната имиграциска политика и економската нестабилност, пренесе Би-би-си.

Протестите беа дел од децентрализирана иницијатива наречена „50501“, која потекнува од социјалната мрежа Reddit, а нивното одржување беше симболично закажано за 5 април – ден кој се совпаѓа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.

Организаторите повикаа на „ден на акција“ наместо класични демонстрации, со акцент на заемна помош, солидарност и ненасилен отпор. Во рамки на протестите, учесниците организираа акции за чистење населби, собирање храна и хигиенски производи за донации.

Во Вашингтон, илјадници граѓани се собраа на Националната алеја со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој неодамна беше депортиран во Ел Салвадор. Тамошниот протест се спои со штрајкот на вработените во Бирото за заштита на потрошувачите, чии редови биле скратени за 90 отсто. Критики беа упатени и кон Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.

Паралелно, пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс се одржаа дополнителни собири со слични барања.

И покрај контрапротести и неколку апсења поради наводни напади врз полицијата, протестите поминаа претежно мирно. Масовни демонстрации беа одржани и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку големи американски градови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението
Следна Статија Денвер подобар од ЛА Клиперс, Лејкерс шокирани пред својата публика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош…

April 2, 2025
СВЕТ

Јапонија одобрува рекорден одбранбен буџет за спречување на регионални закани

Кабинетот на Јапонија одобри рекорден одбранбен буџет над 9 трилиони јени за следната година

December 27, 2025
СВЕТ

Орбан: Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ и натаму…

December 18, 2024
СВЕТ

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?