Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано
СПОРТ

(Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано

Објавено April 17, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2:2, италијанскиот шампион со вкупни 4:3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3:0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.

Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12.минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.

Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58.минута.

Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, но тоа беше се од Реал.

Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.

Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.

Многу поголеми возбудувања и неизвесност имаше на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер во реваншот влезе со предност од 2:1, по дуелот во Минхен.

Сите четири гола беа постигнати во вториот дел. Баварците поведоа со голот на Хари Кејн во 52. минута и ја најавија драмата.

Меѓутоа, Интер многу брзо не само што возврати, туку целосно го сврте резултатот. Само девет минути подоцна веќе беше 2:1 за „нероаѕурите“.

Најпрвин Лаутаро Мартинез го постигна 150-от јубилеен гол за тимот од Милано, а потоа Бенџамин Павард ја погоди мрежата на својот поранешен клуб.

Гостите не се предадоа и Ерик Даер успеа да израмни во 76. минута, со прекрасен гол од мртов агол.

До крајот на мечот Баерн напаѓаше во бранови, пропушти неколку добр шанси, од кои две во последните 90 секунди преку Милер и Коман, но не успеа да избори продолженија.

Во полуфиналето Барселона ќе игра против подобриот од двата меча Интер – Баерн, додека Пари Сен Жермен ривал ќе биде Арсенал или Реал Мадрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илјадници Македонци ќе се разочараат: Од 25 април поскапуваат производите на ТЕМУ
Следна Статија Можни знаци на живот пронајдени на далечна планета: „Ова можеби е момент на пресврт“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид e на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот,…

May 31, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Ноле плачеше во Атина, еве зошто

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го победи Алехандро Табило во второто коло на АТП турнирот во Атина, а по…

November 6, 2025
СПОРТ

(Видео) Њујорк врати еден брејк, од -20 до победа во Индијанаполис

Кошаркарите на Њујорк го намалија резултатот против Индијана на 2-1 во финалето на плејофот од Источната конференција во НБА лигата,…

May 26, 2025
СПОРТ

Американците масовно се обложуваат на бојата на дилдото што ќе биде фрлено на паркетот во WNBA

Бесмислениот тренд на фрлање дилда на натпреварите од WNBA продолжи синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувалници…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?