Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, му рече Сиљановски на Јанчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, му рече Сиљановски на Јанчев
ЗАБАВА

(Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, му рече Сиљановски на Јанчев

Објавено August 28, 2025 10:57
Сподели
Сподели

Јавната дискусија за тоа кој треба да настапува на „Кавадаречки гроздобер“, а која се води меѓу пејачот Спасен Сиљановски и градоначалникот на градот Митко Јанчев, продолжува. Откако Јанчев му порача на Силјановски „Дојди во Кавадарци да видиме колку публика ќе донесеш“, пејачот му одговори јавно, преку видео.

„Ме омаловажи мене, ја омаловажи македонската естрада. Во позадина тече песната ‘Ние страдаме од нашите душмани’, една од омоите омилени песни. Јанчев се најде прозван, со обвинувања дека сум ги навредил изведувачките, него и манифестацијата – а тоа не е точно. Не се навредени ниту изведувачите од Србија, ниту нашата манифестација, туку вие ја отсликавте таа слика да личи на Роштилијада, бидејќи поканувате српски изведувачи на македонска традиционална манифестација. Го правите Кавадарци да личи на Врање. Јас сакам да биде побогата, па затоа изнесувам критики. Ја имам таа должност како човек што ја сака својата нација, култура, музика, спротивно од вас!“, рече Силјановски.

Пејачот додава: „Да, јас прашав каде сте градоначалник бидејќи ако дојде некој на манифестацијата, ќе се запраша дали е во Лесковец на роштилијада. Ви пропаѓаат обидите да наметнувате реторика дека сум ве навредил вас и манифестацијата“.

Силјановски му порача на Јанчев дека ги омаловажува македонските пејачи односно изведувачи.

„Ја омаловажувате македонската музика. Вие ги понижувате сите мои колеги, сосе дојените. Тврдите дека вашето место е само за ѕвезди од Балканот. За мене се ѕвезди Васка Илиева и Сариевски. Не знам кои се за вас ѕвезди!“, додаде пејачот.

Му замерува и на речникот.

„Споменувате бројки, викате ‘дојди ти да видиме колку публика ќе донесеш’, тоа знаете како звучи: како две првачиња кои викаат ‘ајде да се пробаме да се степаме, да видиме’. Толку мизерно звучи. Јас се натпреварувам со сам себе, секоја песна да биде подобра од претходната“, додаде Силјановски.

Потоа кажа: „Еве јас да ви го направам кејфот, можеби јас не можам да наполнам.. ама нема ли македонски изведувачи кои не можат да наполнат сцена? Во Македонија, за странците важи ‘не играј, не пеј, не свири’!

„Викате дека повеќе пари ќе се заработат со тие ѕвезди.. Па повеќе пари ќе се заработи и со ‘Кнез Милош’ (вид на вода), ете таа за мене е поубава вода.. Зошто само ‘Кожувчанка’ правите? Зошто да се пие само ‘Кожувчанка’? Правите монопол таму каде имате личен интерес, а за националниот интерес – ич не ви е важно. Ако ви дадат Илинден да го организирате.. Што ќе направите, ќе донесете турски пејач? Како што носите српски пејачи во тиквешијата?“, додаде пејачот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот на Аргентина нападнат со камења на предизборен митинг (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Здравко Чолиќ за Нова година ќе добие 120.000 евра, Цеца 20.000 помалку

Најголемите балкански звезди одамна ги закажаа настапите за Нова Година.Црна Гора е хит дестинација каде се очекуваат рекорден број туристи…

December 23, 2024
ЗАБАВА

Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат тестирани во животот во 2025 година

Универзумот работи на мистериозни начини во 2025 година, година обележана со космички промени, а некои хороскопски знаци ќе ја почувствуваат…

February 1, 2025
ЗАБАВА

Знаци кои откриваат дека ѝ е преку глава од сопругот: Вака се однесува незадоволна жена

Некои жени, кога се несреќни во бракот, покажуваат многу јасни знаци на незадоволство. Тие често се повлекуваат во тишина, престануваат…

April 25, 2026
ЗАБАВА

Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)

Италијанскиот оперски тенор Андреа Бочели и тенисерот број еден во светот – Јаник Синер го објавија својот прв дует насловен…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?