Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

Објавено March 8, 2025 17:32
Сподели
Сподели

„Меѓународниот ден на жената е повеќе од подарување на цвеќе или еден ден на внимание. Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена. Не може да говориме за еднаквост и права сѐ додека меѓу нас има такви кои се секојдневно обесправени, малтретирани, па дури и жртви на фемицид“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, по повод денешниот празник.

Токму затоа овој ден, додава Зајкова, е добра прилика да потсетат на иницијативата на Либерално-демократската партија за воведување на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство.

„Секојдневно сведочиме на зачестени и често брутални случаи на семејно насилство кои се случуваат во нашето општество. За таа цел, Форумот на жени на ЛДП изработи предлог-измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка ‘Забрана за приближување на сторителите до жртвите’. Промената на законот доаѓа од потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи ја предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата“, додава Зајкова.

Покрај забраната за приближување, со измените се бара сторителот да има и електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри. Во ЛДП се убедени дека со воведувањето на оваа мерка ќе се зголеми заштитата на жртвите и ќе се намали можноста за нивно повторно изложување на насилство.

„Да не дозволиме борбата за поголеми права, заштита и безбедност за жените – жртви на семејно насилство да биде само на празници, туку таа да ја водиме на сите останати денови и на секој можен начин“ посочува Зајкова и упати апел до сите засегнати страни да најдат начин и да ја воведат електронската нараквица.

Со електронската нараквица се решава голем проблем и конечно се воведува конкретно системско решение кое ќе се однесува на сите прекршители на законот и кое навистина ќе ги заштити жртвите.

„Доста ни е од цвеќиња и внимание само на еден ден, нека овој Осми март биде повод за поголема безбедност, заштита и автономија на секоја жена. Нека ни е честит!“, завршува Зајкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот
Следна Статија Николовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Препораки за политичарите и носителите на јавни функции за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ирскиот министер со порака: Кога ќе влезете во ЕУ можете да зборувате македонски или албански

Министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн одговарајќи на прашањето и какви чекори за дијалог со официјална…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?