Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност

Објавено October 10, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави серија конкретни проекти со кои ќе се стави крај на долгогодишниот сообраќаен хаос и ќе започне ново поглавје во урбаното уредување на општината.

„Секојдневниот метеж, хаосот на улиците и борбата за паркинг станаа симбол на Центар. Пешаците немаат каде да поминат, велосипедистите се борат за простор, а возачите се движат низ преполни улици без ред. Време е да се стави крај на тоа. Време е Центар повторно да дише,“ изјави Лабудовиќ.

Во фокусот на проектите се реконструкцијата и целосното преуредување на клучните улици во населбата Буњаковец – Христо Смирненски, 9 Мај и 20 Октомври. Со нов асфалт, модерни тротоари, повеќе зеленило и урбана опрема, овие улици ќе го добијат изгледот што го заслужуваат, а граѓаните – безбедно и удобно место за живеење.

Паралелно, се воведува резидентен и комерцијален паркинг систем што ќе им даде приоритет на жителите, но и ќе донесе ред во паркирањето на центарските улици. Преку нови правила, ред и дигитални решенија, ќе се елиминираат хаотичните сцени со возила на тротоари, тревници и премини.

Како дел од концептот за паметна мобилност, ќе биде воведен смарт-паркинг систем со дигитална контрола, апликација и фер наплата, што ќе им овозможи на граѓаните во секој момент да видат каде има слободни паркинг-места и да го планираат движењето без непотребно губење време и нерви.

Посебен акцент е ставен на изградбата на катна гаража во Буњаковец, како и на други локации во Центар, што ќе овозможи растоварување на улиците и конечно ќе се воспостави ред во паркирањето.

„Ова не се празни ветувања, туку реален и издржан план што ќе го промени секојдневието на граѓаните. Центар мора да стане општина на функционални улици, безбедни пешаци и достапен јавен простор. Време е да ја вратиме современата слика на Центар – општина што дише, се движи и живее по нови правила,“ порача Лабудовиќ.

Со овие проекти, Центар конечно се движи кон модел на европска општина – уредена, безбедна и хумана, во која граѓаните се во центарот на вниманието, а секој чекор, секој метар улица и секое паркинг-место ќе значи повеќе ред, мир и квалитетен живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје
Следна Статија Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Бујар нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар

Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација на актуелниот градоначалник на Општина Центар, кој всушност…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?