Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје
ХРОНИКА

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Објавено October 10, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за криумчарење цигари.

Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски најави поликлиника во Општина Кисела Вода
Следна Статија (ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело…

March 8, 2025
ХРОНИКА

Притвор за штипјаните кои запалија автомобил како дел од многуте закани и изнуди кон едно семејство

Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките во Карпош, нема информации за повредени

Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Карпошанец го истепал едниот, му го скршил мобилниот на вториот малолетен син

На 29.06.2025 во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?