Мечка јадела храна оставена на маса на трем од семејна куќа во тетовското село Отуње.
Додека животното се „гоштевало“, членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата и со мобилен телефон го снимиле присуството на мечката, пренесува Тетово инфо.
Оттаму додаваат дека летово и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце се забележани слични примери на камери за видеонадзор на кои се гледа како мечките, во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично.