Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата
СПОРТ

(Видео) Нестварна партија на Јокиќ – Ваков меч никогаш никој не одиграл во НБА лигата

Објавено March 8, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што досега не забележан историјата на НБА лигата. Денвер Нагетс во неверојатен меч го совлада Феникс Санс со 149:141, по продолжението откако надополнија негатива од 21 поен.

Јокиќ постигна 31 поен (13/22 од поле) со 22 асистенции и 21 скок.

Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции.

Погоди 10/15 за два поени, 3/7 за три и 2/3 од линијата за слободни фрлања.

Тој успеа да постигне трипл-дабл за само 20:38 поминати на теренот, што е деветти најбрз трипл-дабл учинок во историјата на НБА.

Јокиќ е сопственик и на најбрзиот трипл-дабл историјата, 14 минути и 33 секунди.

Ова е 29-ти трипл-дабл сезонава за Јокиќ (149-ти во кариерата), со што го изедначи неговиот најдобар учинок во сезоната забележан пред две години.

„Да ви кажам луѓе, мислам дека еден ден ќе се навратам на ова и ќе го гледам како некакво наследство што ќе остане таму кога ќе ја завршам кариерата. Сега кога имам натпревари секој втор ден, гледам само како да се одморам и закрепнам“, додаде Јокиќ.

За Денвер, Арон Гордон постигна 27 поени со седум тројки и го изедначи рекордот во кариерата, а Кристијан Браун го заврши натпреварот со 25 поени.

Во тимот на Феникс најдобри играчи беа Девин Букер со 34 и Кевин Дурент со 29 поени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
Следна Статија Бред Пит прекрши едно од своите правила за да игра во филмот на Дејвид Финчер (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„Каурски п..ки“, „добро е да се биде Албанец“ извикуваа „Балистите“ во Тетово по победата над Србија

Навреди кон Македонците и Србите од страна на навивачите на Шкендија по синоќешната победа на Албанија над Србија. „Каурски п…ки“,…

October 12, 2025
СПОРТ

Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

„Кога некој ќе остане повеќе години на функција доаѓа до меѓусебно заситување меѓу човекот и спортот“, вели министерот за спорт…

October 20, 2024
СПОРТ

(Видео) Њујорк врати еден брејк, од -20 до победа во Индијанаполис

Кошаркарите на Њујорк го намалија резултатот против Индијана на 2-1 во финалето на плејофот од Источната конференција во НБА лигата,…

May 26, 2025
СПОРТ

Клоп се согласил да ја преземе Рома

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, се враќа на тренерската работа, иако најави сосема поинаку. Според италијанските медиуми, Клоп се…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?