Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?

Објавено January 23, 2026 18:37
Сподели
Сподели

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Со секој изминат ден, се повеќе излегува на површина вистинското лице на СДС за време на седумгодишната власт.

Сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели.

Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат болницата за багателна цена. Наместо, како министер за здравство да се грижи за здравјето на граѓаните и да ги решава проблемите во јавното здравство, Венко гледал само како да дојде приватна болница.

За остварување на оваа цел, Венко Филипче не ги штедел ниту државните, народни пари. Јавно достапните информации говорат дека во време на власт на СДС, особено кога Филипче е министер, се зголемува буџетот кој Клиничката болница од државните институции.

Од 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, колку што изнесувал буџетот во 2015 година, трансферите до болницата од државната институција се зголемија за скоро дупло со доаѓањето на СДС на власт. Односно, во 2020 година кога Филипче раководеше со македонското здравство, буџетските трансфери кон болницата на којашто Венко и фрлил око, достигнале до 682 милиони денари, сума која во денари изнесува скоро 11 милиони евра.

Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни. Затоа го прашуваме Филипче дали ваквите огромни приливи кои ги правел кон Клиничката болница Жан Митрев, биле едни од начините со државни пари да го кандиса докторот да му ја продаде болницата за пониска сума?

Ова не бил единствениот метод кој Филипче и неговата криминална дружина на чело со Заев ја користеле за да ја присвојат болницата. Тие на докторот, како што и самиот Митрев потврди, му вршеле притисок, го уценувале и му нуделе и помош во судската постапка против клиничката болница.

Ова покажува дека нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев не ја заробиле и не ја злоупотребиле. Апетитите на Филипче и Заев кон приватниот здравствен сектор, не се нови, за нив со години слуша македонската јавност.

Затоа, Јавното обвинителство да не чека, овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал, да ги испита и целосно да ги расчисти. Одговорност мора да има! “

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Делоит врши реорганизација на работните места во САД – еве зошто
Следна Статија Фатон Сељами е новиот народен правобранител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека…

November 18, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските…

January 29, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ прашува: Дали Филипче и Заев за Нова година се во Гармиш-Партенкирхен за да гледаат скијачки скокови?

Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме…

December 31, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Филипче и Заев поседувале акции во индиска авиокомпанија и со тие пари градат високатница во Дубаи?

Дали лидерот на СДСМ Венко Филипче и неговиот претходник Зоран Заев, заедно поседувале акции во индиска авиокомпанија, а милионски придобивки…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?