Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) По 32 часа под урнатините спасени мајка и новороденче и татко и син во Венецуела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) По 32 часа под урнатините спасени мајка и новороденче и татко и син во Венецуела
СВЕТ

(ВИДЕО) По 32 часа под урнатините спасени мајка и новороденче и татко и син во Венецуела

Објавено June 29, 2026 16:56
Сподели
Сподели

Среде трагедијата предизвикана од разорните земјотреси во Венецуела, спасувачките екипи успеаја да извлечат жива мајка и нејзиното 18-дневно бебе од урнатините на зграда во Ла Гваира.

Мајката и новороденчето биле пронајдени 32 часа по силните потреси што минатата недела ја погодија земјата. По спасувањето, тие биле пренесени во болница во Каракас, каде што им била укажана лекарска помош.

Според лекарските информации, и мајката и бебето се во стабилна состојба.

 

#Internacional || 🇻🇪 En medio de la tragedia, también hay esperanza

Un bebé de apenas 18 días de nacido fue rescatado con vida en Playa Grande, La Guaira, tras el devastador terremoto que sacudió Venezuela. #CBTelevisión pic.twitter.com/w2QFCEcw6I

— CB Televisión (@cb_television) June 27, 2026

Во текот на викендот, спасувачките тимови успеале да спасат најмалку 33 лица, но десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во ноќта меѓу средата и четвртокот.

Експертите предупредуваат дека по истекот на 72 часа од земјотресот, шансите за пронаоѓање преживеани под урнатините значително се намалуваат.

Според Обединетите нации, речиси 1.500 објекти се оштетени, а повеќе од 3.100 семејства се раселени. Земјотресите погодиле најмалку седум федерални држави, а досега се регистрирани повеќе од 430 последователни потреси.

Спасувачите извлекоа татко и син од урнатините четири дена по земјотресот во Венецуела

Татко и син се спасени од урнатините на срушена зграда во венецуелската држава Ла Гваира, четири дена откако разорните земјотреси ја погодија земјата. Двајца мажи, видливо исцрпени и со заштитни маски на лицата, беа изнесени на импровизирани носилки, објави Ројтерс.

Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, додека илјадници сè уште се водат како исчезнати.

Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Во Шпанија уапсен шефот на Ндрангета, „Дон Мико“
Следна Статија Што ќе гледаме денеска на СП: Ќе се „лизнат“ ли фаворитите Германија и Бразил?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина припадничката на Националната гарда која беше застрелана од авганистански имигрант во близина на Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на…

November 28, 2025
СВЕТ

Новиот градоначалник на Њујорк положи заклетва врз Куранот

Според извештајот на „Фокс њуз“, новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, положил заклетва врз Куранот, а не врз Библијата. Мамдани…

January 1, 2026
СВЕТ

Уапсен кралот на фентанилот и еден од најбараните бегалци во светот

Филмскиот обид за бегство на еден од најбараните бегалци во светот заврши ненадејно, а нарко-босот сега се соочува со обвиненија…

October 25, 2025
СВЕТ

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за автоматска проценка на возраста на корисниците во САД и примена на ограничувања за лицата…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?