Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони
СПОРТ

(Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони

Објавено May 29, 2025 13:36
Сподели
Сподели

На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.

Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.

Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Стојановиќ во првата серија го одрани ударот на капитенот на Олимпик Марсеј, Аморос.

Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја. Шест месеци подоцна, со изменет тим, Црвена звезда го освои и Интерконтиненталниот куп. Стана светски клупски првак, откако во финалето во Токио го победи Коло-Коло со 3:0.

„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Звезда во осминафиналето беше подобра од Глазгов Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.

Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработени во прилепската болница си земале пари од благајната, присвоиле над 2 милиони денари наплатени од пациенти
Следна Статија Исчезнатиот Миле Тодоров е виден со подолга коса и брада и доста ослабен на планината Серта, семејството апелира за помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Срѓан Захариевски од денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на својот…

November 4, 2024
СПОРТ

Ѓоковиќ сака да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека си поставил цел да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес. Триесет и…

June 15, 2025
СПОРТ

Милевски: Имаме мотиви за нова победа

Денеска Македонија ги завршува натпреварите од Лигата на Нации со мечот на домашен терен против Фарски Острови. Во пресрет на…

November 17, 2024
СПОРТ

ФОТО Роналдо се вери со Џорџина

Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија. По толку години „бегање“ од…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?