Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи

Објавено May 10, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи. Тој рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле ставени во мирување поради неговиот избор за пратеник и потоа за претседател на СДСМ.

„Пред периодот кога се кандидирав за претседател на СДСМ и претходно пратеник, бев во преговори со една болница од Дубаи, за работа таму и добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите, меѓутоа тој процес сега практично е ставен на стендбај“, рече Филипче.

„Златната виза“ во ОАЕ им овозможува на странските државјани долготраен престој во земјата од 10 години без потреба од локален спонзор, како и целосна сопственост врз бизниси на територијата на Обединетите Арапски Емирати. Владината програма е наменета за инвеститори, претприемачи, научници, талентирани професионалци и одлични студенти, овозможувајќи им постојан престој, право на работа и учење, како и можност да ги спонзорираат своите најблиски. Покрај тоа, носителите на „златна виза“ можат слободно да патуваат и да престојуваат надвор од земјата повеќе од шест месеци без да ја загубат визата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ промашуваше, но Денвер стигна до нова победа (ВИДЕО)
Следна Статија 19-годишник во „мини морис“ удри во девојче кај „Сити мол“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Жарко Ристески, кандидат за…

June 13, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

СДСМ и денеска бараат одговори во врска со истрагата за трагедијата во Кочани. Дискотеката „Пулс“ работела со блокирана сметка 217…

March 26, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ

Софија Куновска, гостуваше во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Таа говореше за причините поради кои што ја напуштила…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?