Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филипче побара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Филипче побара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за ЕУ
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче побара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за ЕУ

Објавено May 27, 2026 14:40
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што, според него, државата ја плаќа поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура.

Филипче на прес-конференција изјави дека изјавите на Мицкоски за тоа дека „нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија“ отвораат прашања за тоа кои се тие отстапки и кој ќе ја плаќа цената од евентуалната изолација на државата.

Тој оцени дека граѓаните биле манипулирани со тврдења дека се загрозени македонскиот јазик и идентитет, посочувајќи дека, според него, и претставници на власта веќе признавале дека договорите со Грција и членството во НАТО носат придобивки за државата.

Лидерот на СДСМ порача дека цената од застојот на европскиот пат нема да ја плаќаат функционерите на власта, туку граѓаните, младите и идните генерации.

Во обраќањето, Филипче ја обвини власта за економски проблеми, задолжување на државата и, како што рече, создавање вештачки конфликти за да се избегне одговорност за криминал и корупција.

Тој нагласи дека прашањето за европската иднина на Македонија не смее да биде одлука само на власта и побара распишување референдум на кој граѓаните директно би се изјасниле за идниот правец на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На седми јуни “Кралевите“ ќе бираат нов претседател
Следна Статија Филипче бара уште еден референдум за ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик

Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик,…

April 23, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ. „Наблизок соработник на Мицкоски…

January 13, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. Од моментот на влез во политиката до…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ е политичкиот промотор на „српскиот свет“ во Македонија

ДУИ со години е најважниот политички партнер на структурите кои го промовираат концептот на „српскиот свет“ во Македонија. Нивната улога…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?