Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Јокиќ не може сам против Кари и екипата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Јокиќ не може сам против Кари и екипата
СПОРТ

(Видео) Јокиќ не може сам против Кари и екипата

Објавено April 5, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Никола Јокиќ повторно блесна, но тоа не беше доволно неговите Денвер Нагетс да победат во Сан Франциско. Голден Стејт беше подобар од тимот од Колорадо 118:104.

Српскиот центар беше убедливо најдобар во Нагетс. Тој постигна 33 поени, со 12 скока и девет асистенции. Сепак, победата на Вориорс им ја донесе Стеф Кари кој постигна 36 поени со седум тројки и одличната одбрана од стартот на вториот дел.

Денвер блескаво офанзивно го започна натпреварот. Првиот дел го добија со резултат 44:34. Домашниот тим се консолидираше веќе на стартот од втората четвртина. На Нагетс им дозволија само 16 поени. На другата страна постигнаа 32 и на големата пауза заминаа со плус шест.

Во третиот дел се „запали“ Јокиќ, но не можеше сам против мотивираните Вориорс. Јокиќ со тројка кон средината на третиот период успеа да намали на 84:82, а се испостави дека тоа е се од Денвер.

Амероиканците издвоија момент од последната четвртина кога Јокиќ седна на клупата да одмори и лути го фрли шишето со вода, зборувајќи им нешто на Дарио Шариќ и Влатко Чанчар. Медиумите во САД тврдат дека реакцијата била ваква затоа што игра сам.

Помош доби само од Мајкл Портер Јуниор (23 поени, девет скока) и Кристијан Браун (16 поени).

Вориорс брзо се одлепија на двоцифрена разлика и во четвртата четвртина мирно ја завршија работата. Кари одлично го следеше Подземски со 26 поени, додека Батлер постигна 19.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
Следна Статија Димитриевски: Филипче манифестира „чисто лицемерие“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ се разделува од Мареј по само шест месеци

Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Енди Мареј се разделуваат по шест месеци заедничка работа, објави денеска српскиот тенисер. Разделбата меѓу…

May 13, 2025
СПОРТ

Ракометарот Дејан Манасков приведен во Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид…

December 15, 2025
СПОРТ

Грците барале во „Борис Трајковски“ да има само 2.000 гледачи и 200 нивни

Претседателот на грчката ракометна федерација Константинос Гандис Константинос Стаматијадис испрати писмо до ЕХФ по повод мечот Алкалоид-Аек. Соопштението ви го пренесуваме…

May 28, 2025
СПОРТ

Teлохранителот на Меси нема да смее да влегува на терен

Раководството на МЛС лигата му забрани на Јасин Чеуко – телохранителот на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, да трча…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?