Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА

Објавено July 26, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Со вклучени трепкачи дваесетина возила ја поминуваат патарината на автопатот Гостивар-Скопје без да платат. Со албански знамиња на автомобилите, застанати во една колона, минуваат без ниту едно возило да застане и да плати. Подзастанува првиот, кој веројатно го прави договорот за слободно поминување на сите возила. По него сите минуваат без никаков проблем.

По реакциите во јавноста, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото. Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.

„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина. По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.

И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и неказнивост. Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија
Следна Статија За Муцунски Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан,…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции

„На трулите јаболка“, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?