Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Викендов почнува летното сметање на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Викендов почнува летното сметање на времето
МАКЕДОНИЈА

Викендов почнува летното сметање на времето

Објавено March 28, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава летното сметање на времето ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“
Следна Статија Земјотресот ги задеси во метро, вагонот се лула со сета сила-страшна снимка од Тајланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска се тројцата кандидати што ќе ја претставуваат Република Македонија во…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат

Како да се реши сообраќајниот хаос во Скопје без да се уништи градот? Одговор на прашањето дава професорот Дејан Трајковски…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓански организации бараат дислокација на цементарница Усје и најавуваат протест

Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на надлежните, бараат итна дислокација на Цементарница „Усје“ за која сметаат дека е причина…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Многу снег падна на Стража, забрана за тешки товарни возил

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно од 16:25 часот е воведена забрана за тешки товарни…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?