Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Ана Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Ана Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Ана Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Објавено January 16, 2026 12:11
Сподели
Сподели

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска во рамките на панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Фајненшал тајмс“.

„Инфлацијата забележа значително намалување и се сведе на едноцифрено ниво, како резултат на слабеењето на надворешните ценовни притисоци и спроведувањето на претпазлива монетарна политика, поддржана и со макропрудентните мерки. Сепак, инфлацијата и понатаму се движи околу 4%, што е над нејзиниот историски просек и над стапката на инфлација во еврозоната, но е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна и Источна Европа“, истакна вицегувернерката Митреска. Таа нагласи дека ваквите движења укажуваат на постоење заеднички регионални фактори што ја одредуваат инфлациската динамика, меѓу кои се растот на платите и кредитниот циклус, при што процесот на дезинфлација кај нас и во земјите од регионот е подолготраен во споредба со еврозоната.

„Иако беше започнат процес на нормализација на основната каматна стапка, тој запре во февруари минатата година, по што дополнително беше зајакнат претпазливиот монетарен пристап преку инструментот задолжителна резерва и преку примена на макропрудентни мерки, со цел поефикасно утврдување на инфлациските очекувања“, посочи Митреска, нагласувајќи дека Народната банка и понатаму ќе пристапува внимателно при носењето на монетарните одлуки, со цел обезбедување одржлива макроекономска и финансиска стабилност. Се очекува ваквата поставеност да обезбеди понатамошно намалување на домашната инфлација.

Форумот на Централна и Источна Европа претставува еден од најзначајните и најреномираните годишни настани во областа на финансиите, на кој традиционално учествуваат високи претставници на централните банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и меѓународни инвеститори.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eвропската демократска партија донесе одлука за обединување со ДУИ
Следна Статија Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт инвест груп“, кој обединува…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Здружението „Инженери на Република Македонија“ објави дека доставило поднесок до Владата и до Министерството за транспорт, со молба да се…

June 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата

Во тек е изработка на нов просторен план на државата, токму од страна на Агенцијата за планирање на просторот, истакна…

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Амазон дозволува на работниците со визи да работат далечински во Индија со ограничувања

Амазон им овозможува на вработените во Индија погодени од одложувањето на H-1B визите да работат далечински до март, со строги…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?