Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

Објавено March 27, 2025 16:28
Сподели
Сподели

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза, овозможувајќи им на граѓаните преку користење на своите мобилни апликации да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог. Трошоците за пренос на паричните средства во евра ќе се намалат имајќи предвид дека во СЕПА првенствено се применува принципот на поделба на трошоците, односно плаќачот ги намирува трошоците кон сопствената банка, а примачот ги презема трошоците на својата банка. Во моментов, многу често во преносот на паричните средства се вклучени повеќе странски кореспондентни банки коишто наплатуваат дополнителни трошоци, поради што тие паѓаат на товар на плаќачот и ги зголемуваат вкупните трошоци на плаќањето. Во иднина, овие дополнителни трошоци за плаќањата во евра во СЕПА ќе бидат елиминирани“. Ова го посочи вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за „Банкарство“.

Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања. Вицегувернерката Нацевска истакна дека се работи на приспособување на подзаконската регулатива со што ќе се овозможи приливите од странство да се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден.

„Банките ќе ги приспособат своите информациски системи со цел да им овозможат на граѓаните и на компаниите олеснето електронско иницирање на прекуграничните плаќања во евра со користење на електронското и мобилното банкарство. Секако, банките ќе ги овозможат овие услуги и на шалтерите за клиентите кои го претпочитаат овој начин на извршување на плаќањата, иако сѐ повеќе се тежнее кон електронско извршување на плаќањата“, кажа Нацевска која истакна дека банките треба да ја прикажат својата правна, оперативна и техничка подготвеност во барањето за пристап до платните системи во СЕПА. Ова барање треба секоја банка да го поднесе засебно до Европскиот совет за плаќања, најдоцна до 22 август 2025 година.

Вицегувернерката Нацевска нагласи дека доколку банката ги исполнува предвидените правни, технички и оперативни услови по оцена на Европскиот совет за плаќања ќе ѝ биде овозможено да извршува плаќања во евра во СЕПА почнувајќи од 5 октомври 2025 година, од кога граѓаните и компаниите ќе можат да ги почувствуваат погодностите од членството во СЕПА, односно побрзи, поедноставни и поевтини прекугранични плаќања во евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка
Следна Статија Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот…

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“

Зоран Витанов кој во изминатиов период е актуелен поради ситуацијата со компаниите „MyWorld“ и Лајконет, откако „МајВорлд“ отиде во стечај.…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

Како институција што обезбедува ценовна и финансиска стабилност, Народната банка има важна улога во создавањето предуслови за одржлив економски развој.…

July 10, 2025

Нвидиа зделката е голема победа за вработените и инвеститорите во Гроќ

Социјалните медиуми се полни со прашања за необичниот договор и неговото значење за вработените во Гроќ

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?