Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис
ЕКОНОМИЈА

Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

Објавено June 9, 2025 12:39
Сподели
Сподели

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7 000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10 000 евра) за почнување бизнис.

Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот ќе трае до 20 јуни, а може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.

Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој – истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Од повикот, рече, се исклучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско
Следна Статија Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Реинвенцијата на трговските центри во Америка

Промените во навиките за купување ја прошируја поделбата помеѓу оние наменети за имотни купувачи и оние кои се соочуваат со…

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за…

March 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата,…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?