Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво

Објавено April 2, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано ќе се следат и ќе се анализираат.

Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за економија на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови – Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

-Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените. Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите, се вели во соопштенија од Стопанската комора и Сојузот на стопански комори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија
Следна Статија Затвореници се тепале во Идризово, еден ранет со остар предмет пренесен во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати

Македонскиот некогашен лидер на челичните конструкции Факом со 65 годишна успешна работа, цела година на назад имаат проблеми со финансиското…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп: САД се во трговска војна со Кина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа соопшти дека Америка е во трговски конфликт со Кина.…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?