Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски
МАКЕДОНИЈА

Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

Објавено March 19, 2026 18:10
Сподели
Сподели

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за Митрополит Австралиско-новозеландски.

Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.

Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.

Во 2008 година на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторант е на истиот факултет.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит.

Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.

Австралиско-новозеландска епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре
Следна Статија Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски оствари бројни средби со европски челници на Самитот на европската политичка заедница, ќе има и свое обраќање

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на европската политичка заедница, кој започна предмалку. -Денеска заедно со министерот за надворешни работи…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел

„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Димитровска: Констатиравме дека картата на синот на премиерот НЕ е платена со државни пари

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?