Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот изборен круг во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот изборен круг во Куманово
ПОЛИТИКА

ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот изборен круг во Куманово

Објавено October 22, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој се бори за трет мандат во оваа општина, објави дека добил поддршка од коалицискиот партнер ВЛЕН за вториот круг од изборите каде што ќе се соочи со независниот кандидат Горан Стојковски-Диро.

Димитриевски објави фотографија од средбата со новоизбраниот градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, на која симболично си подаваат рака во знак на договорената поддршка во вториот изборен круг во Куманово.

„Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалициониот партнер ВЛЕН добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“,,објави Димитриевски и им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат визијата за иднината на Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ја нападнал невенчаната сопруга и се заканувал со нож
Следна Статија ЗЕЛС на итен состанок за состојбата со комуналниот отпад во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешни функционери го поткопуваат СДСМ одвнатре, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ вели дека поранешни функционери на партијата „стојат на страна и се надеваат…

January 8, 2025
ПОЛИТИКА

На Мециновиќ му ја плеснаа вистината во фаца зошто не си поденесува оставка од пратеник

Амар Мециновиќ немаше одговор зошто не поднесе оставка од пратеничката функција откако се кадидираше за градоначачалник на Скопје. Тој во…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?