Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии

Објавено November 23, 2025 11:11
Сподели
Сподели

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење на одредени судски процеси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.

Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.

СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.

Судството со 2 проценти доверба, Кацарска без кредибилитет и со двојни аршини да се кратат пензии додека од друга страна се бараат судски бонуси и привилегии.

СДС молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.

СДС да се огради од барањата на нивната продолжена рака во судството Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите. За покачување на пензиите и зголемување на животниот стандард, велат од владејачката партија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанки разгледуваат можности за зајакнување на тимот со слободни агенти
Следна Статија Лажни дојави за бомби во СЦ „Јане Сандански“ и хотел „Русија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека партијата поднела предлог-закон за минимална плата од 600 евра нето и дека државата…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски од централниот митинг во Скопје: Нема да ве разочарам, одиме заедно до победа

Лидерот на ВМРО‑ДПМНЕ и претседател на партијата, Христјан Мицкоски, вечерва на централниот митинг во Скопје повика гласачите да ги сфатат…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит

Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на…

December 26, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?