Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Објавено August 30, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека економските мерки кои се спроведуваат даваат конкретни резултати и носат подобар животен стандард за сите граѓани.

„Полека, но сигурно, економијата оживува. Производството расте, платите се зголемуваат, инфлацијата е ставена под контрола. Граѓаните денес имаат повеќе пари и со тоа купуваат повеќе. Тоа не се само бројки, тоа е реалност што ја чувствува секое семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, реалната плата пораснала двојно повеќе отколку за седум години власт на СДСМ.

„Растот на реалната плата за периодот од јули 2024 до јули 2025 година е 6,7 проценти, додека за времето на СДС – од јули 2017 до јули 2024 – изнесуваше само 3,5 проценти. Тоа јасно покажува кој работи за граѓаните, а кој за својата политичка елита“, додаваат од партијата.

Во исто време, инфлацијата е намалена за цели 30 проценти. Просечната стапка во последната година е 3,6%, додека во времето на СДСМ таа изнесувала 4,8%.

„Ова се факти кои никој не може да ги оспори. Граѓаните денес имаат повисока куповна моќ, живеат подобро, а државата оди напред. За разлика од времето на СДСМ, кога добро живееја само тендерашите и нивната политичка елита, денес резултатите ги чувствува секој граѓанин“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата
Следна Статија Ќе се казнува преминување пешачки со мобилен и возење велосипед со слушалки: Глоба до 50 евра за непочитување на законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе…

July 13, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена

Скратена работна недела од пет на четири дена, скратено работно време за повозрасните работници, пораст на платите, до 50% поголеми…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?