Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
На листата на Извршниот одбор на “новото“ СДС се најде и Јон Фрчкоски, син на идеологот на партијата.
Во СДС можете да најдете буквално се што не може на друго место, лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, лица кои ќе направат се да останат во близина на поранешниот лидер на партијата, но секако и луѓе кои користат наркотици.
Јон Фрчкоски, за кој пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.