Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи
ХРОНИКА

Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

Објавено March 22, 2026 17:32
Сподели
Сподели

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената.

Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол.

Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судијата на случајот за убиствата на Вања и Панче ја достави пресудата, адвокатите на обвинетите ќе се жалат на Апелација

Судијата Ивица Стефановски ја напишал пресудата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на…

November 21, 2025
ХРОНИКА

Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска проценка

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека истрагата за убиството во општина Старо Нагоричане е во тек. Основното јавно обвинителство…

February 25, 2026
ХРОНИКА

Извршена обдукција на 15-ина лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Над 9000 евра украла благајничка во кавадаречкото комунално претпријатие

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?