Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Објавено June 23, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од страна на повеќе делегации беше положено пред спомен обележјето на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кое пред 4 години во нивна чест го подигна Општина Берово.

Спомен обележјето е подигнато на иницијатива на претставници од Батаљон за врски Скопје, единицата која го чествува споменот на Зоран Бубевски, а автор е г-дин Кирил Мукаетов од Кавадарци.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за нивниот живот и дело и со едноминутно молчење, беше оддадена почит.

-На денешен ден, пред 24 години, имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, останаа запишани во македонската историја, како херои, кои го дадоа животот, за нешто поголемо од себе. Застанувајки во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, бранителите се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава, чувајќи го вечниот оган, кој ние Беровчани, нивните сограѓани, никогаш нема да дозволиме да избледи, беше истакнато во рефератот во рамки на денешниот настан.

За градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски не постои поголема вредност, поголема доблест, од тоа, да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово, се преименувани имињата на 4 улици, во нивна чест и тие ќе останат да сведочат за нивната жртва.

Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски!, истакна Пекевски.

Свежо цвеќе на спомен обележјето на бранителите положија Делегации од Единиците на загинатите Бранители, од Општина Берово, семејства на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација на резервни офицери Берово- Пехчево, Здружение на пензионери и политичките партии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
Следна Статија Препораки за претстојниот топлотен бран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“: Не сакаме да бидеме дел од политичка реторика и препукувања

„Супорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада

Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?