Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
ХРОНИКА

Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

Објавено March 14, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.

Според информациите од ОВР Берово, пред два дена, на местото викано „Црвени брегови“, во атарот на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги како фрла и закопува човечки остатоци на градежна депонија. По добиената пријава, во координација со јавен обвинител, бил извршен детален претрес на локацијата со механизација од Јавното комунално претпријатие. Првичните резултати не откриле докази за кривично дело, но биле пронајдени градежен шут и отпад.

Сепак, по дополнителна истрага, полицијата дошла до сознание дека истиот извршител во повеќе наврати вршел ископ на стари гробови и остатоците од починатите ги префрлал на друга локација.

Подоцна бил извршен увид и на гробиштата во селото Смојмирово, каде на јужната удолница биле пронајдени пет коски што наликуваат на човечки.

По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните ќе поднесат соодветна пријава против одговорните лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците
Следна Статија Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР

Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Малолетник тешко повреден, го удрил автомобил на „Туристичка“

На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски…

July 31, 2025
ХРОНИКА

МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор

Полицијата соопшти дека вчера во 6.15 часот во село Кучевиште, скопско, е лишен од слобода Д.П.(26) од ова село кој…

December 9, 2024
ХРОНИКА

Петмина затруени во Штип, отако јаделе пилешки стек- сендвичарницата затворена

Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница, соопшти АХВ. По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип,…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?