Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани
БАЛКАН

Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

Објавено March 19, 2025 19:47
Сподели
Сподели

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани.

Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност, изјави попладнево министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ.

„Денеска се примени три нови пациенти – две жени и еден маж. Малолетник и двајца возрасни. Сите тројца се надвор од животна опасност и ќе бидат сместени во Одделот за изгореници на КБЦ „Сестре милосрднице“, рече министерката по седницата на Владата, јавија хрватски медиуми.

Претходно беа примени двајца пациенти, од кои едниот остана на Одделот за изгореници во Клиничката болница Сестре Милосрднице, додека другиот поради добрата општа состојба и помладата возраст е префрлен во Детска болница

Министерката повтори дека Хрватска стои на располагање на Северна Македонија за прифаќање повреднеи со изгореници, но според последните информации засега нема да пристигнуваат нови пациенти. Таа додаде дека комуникацијата со македонските власти е постојано отворена, па до вечерва ќе се види дали ќе има промени. Таа рече и дека лично нема информации дали е обезбедено сместување во Загреб за семејствата на македонските пациенти, но не се сомнева дека и тоа ќе се реши.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ претходно на владина седница рече дека македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски доаѓа во Хрватска и дека заедно со министерката Хрстиќ ќе ги посети пациентите од Кочани во болниците во Загреб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над половина од проверените локали не ги исполнуваат минималните услови, преку 80 отсто ќе бидат затворени
Следна Статија Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе…

May 23, 2025
БАЛКАН

Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада

Финансиска поддршка за манастирите на Света Гора во висина од 100 милиони евра до 2030 година, најави грчкиот премиер Кирјакос…

July 4, 2025
БАЛКАН

Шест ранети во пукотница во Подгорица, осомничениот е уапсен

Синоќа во центарот на Подгорица, Црна Гора пред ресторан се случила пукотница во која, според локалните портали, се ранети шест…

June 9, 2025
БАЛКАН

Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор

На вчерашната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд,…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?