Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија

Објавено September 21, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Во Зрновци денеска официјално започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел на Македонија. Станува збор за приватна инвестиција на компанијата „Еко Пак Хит“ од Кочани. Домот ќе располага со површина од 1800 квадратни метри. Во зградата ќе можат да се сместат 64 лица во 32 соби. Во прв момент предвидено е да се вработат 30 лица. Во зависност од потребите, во подоцнежна фаза може да се дојде до бројка од 50 вработени лица.

Ова го изјави, Билјана Митева, претставник на „Еко Пак Хит“, после положувањето на камен-темелникот, чин што го освети митрополитот Брегалнички, господин Иларион, а на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Целта за изградба на овој Дом не е само развој на Општина Зрновци, туку развој на целиот Источен регион. На раѓањето на Пресвета Богородица сите сме сведоци на раѓање на нов проект, кој ќе овозможи поквалитетен живот на повозрасните и нови работни места, нагласи претставникот на „Еко Пак Хит“, Билјана Митева, заблагодарувајќи му на премиерот Мицкоски за неговото присуство и за соработката со Владата во врска со инвестицијата.

Мицкоски, пак, од свое име им честиташе на инвеститорот што се одлучиле да инвестираат во еден ваков објект, овде во Општина Зрновци. Според него, тие се пионери во Источна Македонија. Она што тие денес го започнуваат, смета тој, е додавање вредност во квалитетот на животот на жителите во овие општини и генерално во источниот дел од државата.

Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци, да сториме се што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции, да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да создаде едно раѓање на еден нов објект, којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат неговите услугите, нагласи премиерот Мицкоски.

За градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, почетокот на изградба на Домот за стари лица е значаен настан што значи развој на Општината и создавање услови за поквалитетен и подостоен живот за највозрасните граѓани.

Домот за стари лица во Зрновци, општина што се наоѓа на десетина километри од Кочани, треба да биде готов да ги прими првите станари во наредниот период од 12 месеци. Инвеститорот планира, исто така во Зрновци, да подигне и сместувачки капацитети за луѓето што ќе ги посетуваат своите блиски што се сместени во Домот за стари лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници
Следна Статија Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?