Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во изминатите две години успеавме да обезбедиме речиси девет милијади денари поголем буџет во здравството, рече Клековски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во изминатите две години успеавме да обезбедиме речиси девет милијади денари поголем буџет во здравството, рече Клековски
МАКЕДОНИЈА

Во изминатите две години успеавме да обезбедиме речиси девет милијади денари поголем буџет во здравството, рече Клековски

Објавено July 14, 2026 21:32
Сподели
Сподели

Во изминатите две години успеавме да обезбедиме речиси девет милијади денари поголем буџет во здравството бидејќи без зголемување на неговите издвојувања нема да ги решиме проблемите. Ова не е само зголемен буџет, туку зад секоја оваа бројка стои конкретна мерка за подобрување на здравствената заштита за пациентите и за подобрување на условите за здравствените работници – истакна денеска досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој вчера беше избран за нов министер за здравство.

Презентирајќи ги најзначајните реформи и реализираните проекти, тој рече дека во примарното здравство има историското зголемување на капитацискиот бод од април 2025 година од 33 проценти, воведување нови превентивни цели кај матичните доктори, првпат воведено ментално здравје како превентивна цел за да се одговори на новите потреби во општеството.

– Во јавното здравство се фокусиравме на платите, кои се зголемени кумулативно 22 проценти, тоа е над 15 проценти реален раст, земајќи ја предвид инфлацијата со фокус на средномедицинскиот кадар бидејќи недостигот на медицински сестри е еден од главните проблеми во кадровските прашања во здравството. Успеавме да го запреме намалувањето на бројот на здравствени работници. Во изминатиот период бројот на вработени во јавното здравство се зголеми од 18.000 на 18.900 – истакна Клековски.

Потенцира дека успеале да го зголемат буџетирањето во јавното здравство за 26 проценти, постигнале рекордно зголемување на условни буџети, односно за посебно скапи лекови, бидејќи лековите и пристапот кон нив бил еден од клучните предизвици во овој период. Над четири милијарди денари, појасни, се обезбедени за Онкологија, Педијатрија, за Неврологија, без листи на чекање и со зголемен опфат на најголем дел од автоимуните состојби и слични болести, а набргу ќе има промовирање на подобрувањето на пристапот и на други подрачја.

– Се зголеми бројот на болнички услуги, но според очекувањата не се зголеми комплексноста на зафатите што се работат бидејќи целта е јавното здравство да таргетира сè повеќе состојби за кои се оди во приватно здравство или се оди на лекување во странство. Позитивната листа, по децениската заспаност, ја зголемивме трипати, успеавме да добиеме пониски цени преку генеричката конкуренција и покажавме дека со мали измени со префрлување на лековите од болничка употреба во аптека можеме да им го олесниме животот на пациентите, зборувам за онколошките пациенти, меѓутоа и на Клиниката за онкологија – рече Клековски.

Во врска со лекувањето во странство, нагласи дека минатата година имало само 17 одбиени барања, се зголемиле одобрувањата, и за сè што е оправдано се обидуваат да најат можност за лекување. Посочи дека изминатата година во Австрија лекувањата се со двојазичен образец врз основа на меѓусебната спогодба.

– Сето ова го направивме со 30 вработени помалку во Фондот. Немаме зголемување на администрацијата, напротив, имаме нејзино намалување. Истовремено, успеавме Фондот да го вратиме таму каде што некогаш бил – на првото место по транспарентност меѓу јавните институции – истакна Клековски.

Во однос на владините проекти за кои презеле обврска, како што наведе, реализацијата е 54 проценти.

– Најголем дел од работите што ги набројав, како позитивната листа и слично, е дел од владината програмата, односно во тек е е-рецептот, каде што финиширањето зависи од Министерството за здравство, и обезбедување здравствено осугурување за деца до 18 години, без оглед дали нивните родители се покриени со здравствено осигурување. Тие два проекти остануваат за понатаму и два што ни ги зададе Владата во меѓувреме, со заклучоци за критериумите за здравствено осигурување за невработени и со ниски примања, како и за уредбата за здравствена мрежа – ова се двата проекти што треба заедно со Министерството за здравство да се довршат – посочи Клековски.

Ова, потенцира, е сликата што ќе му ја оставам на следниот директор на Фондот, кој го очекуваме што побргу.

– Сето ова не ќе беше возможно без вработените во Фондот. Јас како директор во овие две години не донесов ниеден човек во Фондот и исклучиво работев со веќе вработени луѓе во Фондот. Во сите институции има луѓе што сакаат да работат, само треба да бидат пронајдени и мотивирани да го направат тоа. Сакам таа мотивација за успешна работа на Фондот да продолжи понатаму. Ви благодарам и на вас медиумите и за повеќе од коректната соработка и се надевам дека тој транспарентен стил на комуникација ќе го практикува и новото раководство на Фондот, а јас како министер ви гарантирам дека ќе имаме редовна комуникација – рече Клековски

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е задоволен од сработеното и дека можело уште повеќе.

– Меѓуинституционалната соработка е многу бавна. Речиси сите работи што сакате да ги поместите надвор од оперативно ниво бараат некоја институционална соработка и таа многу бавно се одвива. Мораме да работиме на хоризонталната комуникација и надминување на оваа главно вертикална комуникација. Единствен начин да ја зголемиме продуктивноста е да ја намалиме администрацијата – посочи Клековски.

Регионализацијата во Штип, Тетово и во Кичево, како и во Клиничкиот центар во Скопје, остануваат приоритети на Владата, посочи тој на новинарско прашање.

Во врска со евиденцијата на работното време, тој истакна дека тоа е законска обврска и нема простор за тоа дали треба да ја има.

– За методологијата на водење на евиденцијата ќе разговараме со директорите, кои мора да имаат законски утврдена евиденција и тука нема да има отстапки – додаде Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Условна казна затвор од една година за екс претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
Следна Статија Николоски: Менуваме пет закони за воведување интелигентни транспортни системи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го укина „балансерот“

На денешната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Уште минатиот месец…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?