Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Објавено March 9, 2025 10:45
Сподели
Сподели

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во последниот квартал од 2024 година биле регистрирани 601 развод, што е зголемување од 23,9% во споредба со истиот период лани. Истовремено, бројот на склучени бракови опаднал за 14,7%, со вкупно 2.430 бракови.

Според експертите, една од главните причини за зголемениот број разводи е избрзаното стапување во брак без доволно запознавање меѓу партнерите. Недостатокот на комуникација, различните животни вредности и финансиските проблеми исто така играат клучна улога во распадот на брачните заедници. Социолошките фактори, како што се мешањето на семејствата во брачниот живот и неможноста на младите парови да живеат самостојно, дополнително ги зголемуваат тензиите.

Покрај браковите, статистиката покажува и пад на бројот на раѓања. Во истиот период се родени 3.968 деца, што е намалување од 4,2% во однос на претходната година. Бројот на починати изнесува 5.174 лица, што резултира со негативен природен прираст од -1.206.

Овие трендови укажуваат на сериозни демографски промени, кои во иднина може да имаат значајни социоекономски последици за земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елмас продолжува да „решета“ во Серија А, гол за Торино и против Парма (ВИДЕО)
Следна Статија Пукал во жртвата, но вратата го спасила, 37-годишник обвинет за обид за убиство во Мирковци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка

„Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница се повлече.  Ова е доказ дека народниот отпор…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски го враќа Синани од позицијата ген. конзул во Њујорк, незаконски испратен од Османи и Груби

На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Пецов-Ѓаволот им се предал на правосудните органи и наместо затворски добил куќен притвор

Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот, вчера сам им се предал на органите на прогонот и бил изведен пред судија…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Најмалку шест возила поминаа на црвено светло за половина час

Најмалку шест возила поминаа на црвено светло во период од половина час и уште десетици други возачи игнорираа да забават…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?