Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пукал во жртвата, но вратата го спасила, 37-годишник обвинет за обид за убиство во Мирковци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пукал во жртвата, но вратата го спасила, 37-годишник обвинет за обид за убиство во Мирковци
ХРОНИКА

Пукал во жртвата, но вратата го спасила, 37-годишник обвинет за обид за убиство во Мирковци

Објавено March 9, 2025 10:48
Сподели
Сподели

На 10.12.2024 година, обвинетиот, 37-годишник од селото Мирковци, со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Овој инцидент е резултат на нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу обвинетиот и оштетениот.

Двајцата обвинети дошле пред куќата на таткото на жртвата со такси и го повикале оштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал проектил кон него. Оштетениот, во последен момент, успеал да го забележи оружјето и се повлекол зад вратата која автоматски се заклучила, а куршумот завршил во ѕидот, близу до рамката на вратата. Обвинетиот, не успевајќи да влезе во куќата, започнал да тропа и да удира по вратата, а потоа двојката побегнала од местото на настанот“, велат од обвинителството.

Понатамошното истражување покажало дека вториот обвинет, кој бил во помош на првообвинетиот, по извршеното кривично дело, го зел пиштолот кај себе. На 23.12.2024 година, истиот пиштол бил употребен за сторување на кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, за што вториот обвинет бил осуден на 22.01.2025 година, по неговото признание.

По деталната истрага, Јавното обвинителство поднесе обвинение против двата обвинети. Првообвинетиот се соочува со обвинување за обид за убиство, додека вториот обвинет, кој помогнал во извршувањето на делото, е веќе осуден за предизвикување општа опасност. Првообвинетиот се наоѓа во притвор, додека вториот обвинет останува во притвор до правосилност на пресудата“, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи
Следна Статија Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“,…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Синот го земал службениот пиштол од таткото и се заканувал

На 13.06.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од…

June 13, 2026
ХРОНИКА

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?