Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.
Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.
Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир.
