Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Србија и Бугарија денес е ден на жалост поради трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Србија и Бугарија денес е ден на жалост поради трагедијата во Кочани
БАЛКАН

Во Србија и Бугарија денес е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Објавено March 18, 2025 08:15
Сподели
Сподели

Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја донесе српската Влада во неделата.

Во големиот пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

Знамињата во Србија се на половина копје на државните институции и установи. Медиумите и културните установи се обврзани да ја прилагодат својата програма за Денот на жалоста.

Министерството за информации и телекомуникации укажа на потребата сите медиуми целосно да го почитуваат Законот за одбележување на Денот на жалост на територијата на Србија.

Во Белград вчера беа префрлени 12 повредени во пожарот во Кочани и хоспитализирани во Ургентниот центар и во Воено-медицинската академија. Претходно 12 повредени беа исто така донесени во тие медицински установи како и неколкумина во Ниш.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ при вчерашната посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица.

Министерскиот совет на Бугарија го прогласи 18 март за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа во трагични околности во градот Кочани, Република Македонија, соопшти владината прес-служба. Бугарската Влада изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Во нивен спомен денеска на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции, јави БТА.

Вкупно 59 лица загинаа, а 155 се здобија со различен степен на изгореници и повреди по пожарот што избувна во дискотеката Пулс во Кочани, источна Македонија, за време на концертот на популарниот бенд ДНК во раните утрински часови во неделата. Некои од настраданите во пожарот се примени на лекување во Бугарија. Вкупно 14 од повредените со воено-транспортните авиони „Спартан“ и амбулантни возила од софиската Итна медицинска помош се пренесени во Бугарија.

Неговата Светост бугарскиот патријарх и митрополит софиски Данил служеше Трисвето (кратка молитва) за загинатите во трагичниот инцидент во градот Кочани во митрополитската катедрала „Света маченица Недела“. По литургијата за починатите се служеше благослов на масло за исцелување на жртвите.

Во Амбасадата на Република Македонија во Софија беше изложена книга на жалост, во која граѓаните можат да изразат сочувство во врска со пожарот во дискотеката во Кочани. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор за Крешник Бектеши
Следна Статија (Видео) Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик: Директоратот на Интерпол ја прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа Х објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал…

April 2, 2025
БАЛКАН

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) објави критичка анализа за рекордниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, во која…

July 7, 2025
БАЛКАН

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден…

January 31, 2025
БАЛКАН

Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?