Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во 2025 година економски раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти, прогнозира Народната банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во 2025 година економски раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти, прогнозира Народната банка
ЕКОНОМИЈА

Во 2025 година економски раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти, прогнозира Народната банка

Објавено November 5, 2025 13:26
Сподели
Сподели

За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка.

Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во споредба со претходната година.

Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од претходните очекувања.

Како што рече гувернерот Трајко Славески, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и на натамошна стабилизација на инфлацијата.

Најновите макроекономски проекции за периодот 2025 – 2028 година укажуваат на отпорност и солиден раст на економијата. За годинава се очекува раст од 3,5 отсто, во периодот 2026 – 2028 тој би забрзал на 4 отсто. Во однос на инфлацијата, просечната стапка ќе изнесува 3,9 отсто, а во натамошниот период ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек, истакна Славески на прес-конференција.

Како што нагласи Славески, во првите девет месеци од 2025-та кредитната активност забележа силен раст кој, според Народната банка, би продолжил и до крајот на годината.

-Во периодот 2025 – 2028 година се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка кои би се искористиле за финансирање на дефицитот на тековната сметка. Во однос на структурата, најголемиот дел од приливите на нето-основа се очекуваат во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство. За целиот период на проекцијата се очекува зголемување на девизните резерви и натамошно соодветно ниво за одржување на стабилноста на домашната валута, подвлече гувернерот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Лица на 35 и 56 години се загинатите во тешката сообраќајка вчера на патот Градско – Прилеп
Следна Статија (ВИДЕО)Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи.…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На маса со синдидатите е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?