Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработените во Железници излегоа на протест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вработените во Железници излегоа на протест
ЕКОНОМИЈА

Вработените во Железници излегоа на протест

Објавено December 1, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија.

Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Очекуваат менаџерскиот тим да ги повика на средба и да разговараат за барања.

– Имаме вкупно 15 барања кои на 2 октомври ги доставивме до менаџерскиот тим. Ни беше одговорено два месеца подоцна односно на 28 ноември, во петокот добивме одговор со образложение дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба и нема доволно средства за нашите барања – вели во изјава за МИА претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски.

Дел од барањата се исплата на перкувремените часови, а за оние кои направиле над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус плата, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа…

Димковски посочува дека дел од барањата се однесуваат на сите вработени, а дел на машиновозачите. Станува збор за вкупно 603 вработени. Од нив 46 се активни машиновозачи и околу 30 помошници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни
Следна Статија Загина македонски државјанин во сообраќајна незгода Цирих

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува…

April 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел до угостителите: За претстојните празници работете во согласност со законите

Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти како градинки и училишта кои се ослободуваат од плаќање на комуналии

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде…

November 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од први март побезбедни онлајн плаќања

Oд 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?