Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен во гостиварскиот суд барал 100 евра за да избрише судска казна, налетал на новинар кој го снимал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен во гостиварскиот суд барал 100 евра за да избрише судска казна, налетал на новинар кој го снимал
ХРОНИКА

Вработен во гостиварскиот суд барал 100 евра за да избрише судска казна, налетал на новинар кој го снимал

Објавено January 21, 2026 11:09
Сподели
Сподели

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа. Како што е пријавено, Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне.

А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат
Следна Статија Резултати од Powerball наградата за понеделник, 19 јануари 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Директорот на Геријатрија не чувствува вина за примање мито, иако беа фатени со парите во раце

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој објасни дека му е одреден…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева

30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на…

February 14, 2025
ХРОНИКА

Череп и коски слични на човечки пронајдени во штипско

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?